Во последните 24 часа направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нов случај на ковид-19. Регистрирани се 165 оздравени пациенти и починати се 15 лица, информира Министерството за здравство.
Од новите случаи на ковид-19 во Скопје се регистрирани 83, Прилеп 6, Велес 5, Кавадарци 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија по 1.
Регистрирани се 165 оздравени пациенти од: Скопје и Куманово по 25, Штип 21, Кавадарци 18, Кочани 13, Велес 11, Битола и Свети Николе по 10, Прилеп 6, Охрид и Кратово 5, Радовиш 4, Пробиштип 3, Гевгелија 2, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Виница, Демир Хисар и Пехчево по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 15 лица: 5 починати лица од Скопје (56, 69 , 72 , 75 и 91 ), по 2 починати лица од Кавадарци (64 и 84 ) и Кичево (54 и 87 ) и по едно починато лице од Велес (72), Берово (56), Гевгелија (64), Кочани (76), Крива Паланка (61) и Струмица (81). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени сè уште 3 починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Дебар и едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.