Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 7.564 тестови, а регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 785, Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78, Кичево – 47, Кавадарци – 44, Велес – 41, Струмица – 39, Гостивар и Охрид – по 38, Тетово – 37, Радовиш – 28, Штип – 27, Струга – 25, Гевгелија – 23, Кочани – 21, Неготино – 20, Ресен – 17, Крива Паланка, Валандово и Крушево – по 11, Свети Николе и Делчево – по 9, Берово – 7, Македонска Каменица – 6, Богданци и Македонски Брод – по 5, Виница и Пробиштип – по 4, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Пехчево – по 3 и Дебар – 2. Од вкупниот број на позитивни (1.635), регистрирани се 184 реинфекции.
Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти од: Скопје – 794, Битола – 114, Прилеп – 85, Куманово – 38, Штип – 31, Охрид – 28, Гевгелија – 27, Кавадарци – 20, Кичево – 19, Гостивар – 16, Велес – 15, Кочани – 13, Тетово – 11, Делчево – 10, Ресен – 9, Свети Николе, Радовиш, Богданци и Крушево – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Неготино и Берово – по 3, Дебар, Виница, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Кратово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 6 починати лица од Скопје (50г, 66г, 66г, 67г, 83г и 85г), 2 починати лица од Битола (62г и 69г) и едно починато лице од Прилеп (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.