Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово, Гевгелија и Ресен – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (76), регистрирани се 14 реинфекции.
Регистрирани се 73 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола и Охрид – по 5, Кавадарци – 4, Прилеп и Штип – по 3, Ресен, Тетово, Гостивар, Делчево и Берово – по 2, Куманово, Струмица и Струга – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (80г), Охрид (82г) и Куманово (75г). Сите лица се починати во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 17.04 – 17.05.2022 година.