Здравствените служби во Торонто објавија дека околу 550 луѓе биле изложени на Коронавирусот минатата недела во стриптиз клуб во тој град и биле повикани на самоизолација од 14 дена.
Како што е наведено, работник во клубот „Брас Рејл“, кој работел четири дена минатата недела, има позитивен резултат на коронавирус, така што сите коишто биле во контакт со него се повикани да бидат тестирани и самоизолирани.
Ова е прво вакво предупредување, откако на клубовите и рестораните од 31 jули им беше дозволено повторно да работат.
Д-р Ендру Морис од Универзитетот во Торонто истакна дека стриптиз-клубовите, ноќните клубови и баровите не треба да бидат отворени барем во текот на учебната година.