Девет нови случаи со Ковид 19 се ргистрирани во последните 24 часа од направени 3.239 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Оздравени пациенти се регистрирани 13 и три починати лица.
Новите случаи со Ковид 19 според податоците од Министерството за здравство, се по тројца во Скопје и Кичево и во Битола, Штип и Дебар по еден.
Од 13 – те оздравени пациенти од Куманово – 4, Скопје – 3, Виница – 2, Прилеп, Тетово, Штип и Кичево – по 1.
Починатите лица се две од Скопје на 86 и 70 години и едно лице од Тетово на 65 години. Сите пријавени се починати во болнички услови.