Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12, Прилеп-15, Гостивар-16, Штип-8, Битола-4, Велес-16, Охрид-13, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-5, Кочани-9, Кичево-10, Гевгелија-2, Неготино-4, Делчево-6, Дебар-7, Крива Паланка-5, Ресен-9, Радовиш-4, Берово-7, Виница-1, Валандово-2, Македонски Брод-1, Кратово-3, Крушево-2, Пехчево-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2116 оздравени пациенти од: Скопје-1.489, Куманово-6, Тетово-139, Прилеп-19, Гостивар-58, Штип-8, Битола-80, Велес-45, Охрид-3, Струмица-55, Кавадарци-35, Струга-5, Кочани-15, Кичево-33, Гевгелија-23, Неготино-26, Свети Николе-10, Делчево-16, Дебар-9, Ресен-13, Радовиш-5, Берово-1, Виница-6, Пробиштип-4, Валандово-3, Демир Хисар-9, Крушево-1.
Починати се 14 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца од Тетово, еден од Прилеп, еден од Охрид, двајца пациенти од Струмица и еден пациент од Струга. Од нив тројца се починати вон, останатите во болнички услови.