Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 1650 тестирање, а регистрирани се 6 нови случаи на ковид-19: Скопје – 5 и Кичево – 1.
Регистрирани се 27 оздравени пациенти од: Скопје – 17, Тетово – 4, Охрид – 2, Прилеп, Гостивар и Кичево – по 1.
Не се регистрирани починати пациенти.