Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.560 тестови, а регистрирани се 378 нови случаи на КОВИД-19: Скопје –178, Куманово – 25, Битола – 23, Велес -21, Прилеп – 20, Кавадарци- 19, Тетово – 14, Штип и Кичево –по 9, Охрид и Ресен – по 8, Гостивар – 7, Гевгелија – 6, Неготино, Богданци и Струга – по 5, Свети Николе – 4, Струмица, Крива Паланка и Дебар – по 3, Кочани – 2, Делчево – 1.
Од вкупниот број на позитивни (378), регистрирани се 58 реинфекции.
Регистрирани сe 432 оздравени пациенти од: Скопје – 261, Битола – 28, Кавадарци – 24, Куманово – 18, Охрид – 16, Велес – 15, Прилеп – 12, Тетово – 8, Неготино и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Ресен, Гевгелија, Струга и Струмица – по 4, Кичево и Радовиш – по 3, Крива Паланка – 2, Штип, Богданци, Свети Николе, Дебар, Берово, Кратово, Крушево, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (70г, 70г, 71г и 77г) и по едно починато лице од Битола (82г), Кратово (63г) и Охрид (90г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (7), кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.