КОРОНАТА НЕ МУ МОЖЕ НИШТО: Маж од Вирџинија има супер-антитела кои го победиле ковид-19

by Тони Зографски

Менаџерот за комуникации од Универзитетот Џорџ Мејсон во Ферфекс, Вирџинија, 54-годишниот Џон Холис во јули сфатил дека припаѓа на ретка категорија луѓе чија крв може да им помогне на научниците да го разберат коронавирусот и евентуално да им помогне на луѓето кои ќе се заразат.

Тој бил многу изненаден кога дознал дека го победил ковид-19, без да знае дека опасниот вирус влегол во неговиот организам.

– Крвта на Холис е полна со таканаречени супер-антитела кои го неутрализираат ковидот, дури и кога крвта е разредена 10.000 пати, -изјави патологот од универзитетот Џорџ Мејсон, Ленс Лиота, пренесе Ен-Би-Си.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com