„Короната не може да се искорени, апел до луѓето да научат да живеат со неа“

by Тони Зографски

Виролози од водечки шведски универзитети заклучија дека новата варијанта на коронавирусот не може да се искорени и дека ќе се врати како сезонски вирус, со апел до луѓето „да научат да живеат со него“.

Од светла страна, иако имунитетот е краткорочен, најверојатно вирусот ќе изгуби дел од својата моќ со текот на времето, објави „Спутник“.

Виролозите Ленарт Свенсон од Универзитетот во Линкопинг, Аке Лундквист од Универзитетот во Упсала и Андерс Видел од Универзитетот во Лунд заклучија дека дури и стапката на вакцинација од над 90 проценти не ја спречува целосно инфекцијата со Ковид 19, како што покажуваат примери околу светот.

„Се укажува на тоа дека Сарс-Ков-2 ќе остане и ќе се врати како сезонски вирус. Ќе биде многу тешко, па дури и невозможно да се постигне колективен имунитет“, соопштија тие во напис за весникот „Dagens niheter“.

Професорите наведуваат дека одамна се познати четири типа на коронавирус, кои можат да ги заразат луѓето и да се вратат во текот на зимската сезона, предизвикувајќи блага настинка.

Покрај тоа, од 2003 година, човештвото е погодено од епидемии на два сосема нови коронавируси кои можат да предизвикаат многу сериозни инфекции: Сарс-Ков-1 (со стапка на смртност од околу 10 проценти) и Мерс-Ков (со стапка на смртност од околу 34 проценти).

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com