Инга живее во Данска, а Кастен во Германија. Границата меѓу двете земји е затворена заради коронавирусот, но љубовта меѓу двајцата возрасни луѓе не може да биде запрена од пандемијата.
Секој ден 85-годишната Инга Расмусен и 89-годишниот Карстен Тухсен Хансен се сретнуваат на границата меѓу Данска и Германија кај градчето Авентофт, за да пијат кафе и шнапс.
– Тажно е, но не можеме да го промениме тоа – рекла Расмусен за „Дојче Веле“.
Овој пар стана познат откако градоначалникот Тондер го видел овој пар и го фотографирал за социјалните мрежи.
Двојката првпат се запозна пред две години, а повеќе од една година беа скоро секој ден заедно.
Г-ѓа Расмусен вози до границата од нејзиниот град Галехус, додека г-дин Хансен го вози својот велосипед од Седерлугум.