Европската агенција за лекови (EMA) предупреди дека варијантите BA.4 и BA.5 на сојот на коронавируот Омикрон стануваат доминантни во Европа, што „веројатно ќе резултира со зголемување на случаите на инфекција со Ковид-19 во следните недели“.
ЕМА наведува дека врз основа на ограничени податоци, нема докази дека BA.4 и BA.5 се поврзани со зголемена сериозност на инфекција во споредба со циркулирачките варијанти BA.1 и BA.2, но предупредува дека со зголемување на бројот на заразени, како и во претходните бранови, може да има зголемување на хоспитализациите, приемот на интензивна нега и бројот на смртни случаи.
Се додава дека новите подваријанти на омикрон се поотпорни на имунитетот добиен со вакцините АстраЗенека и Фајзер бидејќи се „антигенски пооддалечени од основниот вирус“.
Земјите се повикани да го следат движењето и ширењето на вирусот Ковид-19, особено кај 65-годишните, а ЕМА повторува дека вакцинацијата и засилените дози остануваат приоритети за заштита, со очекување дека дополнителни дози ќе бидат потребни за најризичните групи во очекување на новите бранови на инфекција.