Во Србија коронавирусот однесе во смрт цели семејства. Српските медиуми пишуваат дека почина возач на Брза помош, а претходно од ковид ги загубил сопругата и мајка си.
45-годишен возач на Брза помош Д.М. од Белград вчера починал по компликации предизвикани од коронавирусот. Уште неколку членови на неговото потесно семејство имале корона и починале. Неговата мајка и сопругата починале во разлика од седум дена. Таткото на починатиот возач се уште е во болница.
Починатиот возач и неговата сопруга оставија две деца. На денот на смртта на мајката, 16-годишниот син бил пренесен на педијатрија на КБЦ Драгиша Мишовиќ.