Д-р Владимир Ристовски, кардиолог-интернист од „8 Септември“ во Студио 10 на ТВ24 вели дека пикот на Ковид 19 е достигант и додава дека Ковид 19 е вистинско чудовиште кое за 2 дена комплетно може да се промени клиничката слика.
-Пикот е достигнат, најтешките болни од цела држава се хоспитализираат кај нас. Има и пациенти кои само што се хоспитализираат, починуваат. Ковид 19 е чудовиште затоа што за 2 дена комплетно може да се промени клиничката слика, многу брзо напредува болеста, глад за воздух за неколку часа. Секоја човечка судбина е тешка, психолошкиот момент е многу важен. Секој ден по 4,5 смртни случаи имаме. Издржуваме психолошки. Кардиолошките пациенти се најзасегнати, тие имаат најголем ризик да заболат. И пациентите со дијабетис се тука. САРС ков 2 вирусот зафаќа повеќе органи, најчеста последица е инфаркт, но и воспаление на срцевиот мускул кој слабеа и има задршка на течностите“ – вели д-р Владимир Ристовски.