Професорот Мауро Гиача од Кинг Колеџот во Лондон, кој е експерт за кардиоваскуларни заболувања, одржа предавање пред Комитетот за наука и технологија на Британската куќа на лордовите, каде ги презентираше своите заклучоци за „ковид-19“.
Тој претходно ги проучувал резултатите од обдукциите на луѓе кои починале од коронавирус, а заради оваа болест тие поминале еден месец или повеќе на интензивна нега или во болница.
Професорот дошол до заклучок дека кај таквите пациенти, коронавирусот остава значителна штета. Може да ги оштети белите дробови кај луѓето кои починале од коронавирус до непрепознавање.
Гиача исто така рече дека коронавирусот кај луѓе кои минале повеќе од еден месец во болница заради последиците од болеста создава штета што резултира во „целосни нарушувања на архитектурата на белите дробови“.
Тој го кажа сето тоа на Комитетот за наука и технологија на британскиот парламент, откако ги проучувал обдукциите на пациентите кои починале во Италија по 30 до 40 дена на интензивна нега.
Тој открил и дека големи количини на вирус сè уште се наоѓаат во белите дробови на пациентите, но открил и голем број поврзани клетки, што било невообичаено.
„Она што го наоѓаме во белите дробови кај луѓето кои имале коронавирус повеќе од еден месец пред да умрат е целосно спротивно од она што го наоѓаме кај луѓе кои, на пример, имаат пневмонија, грип или САРС“, рече тој.
„Гледаме масивна тромбоза. Има целосно нарушување на архитектурата на белите дробови и понекогаш не може да се утврди дека тоа навистина биле белите дробови “, рече тој.
Тој додаде дека наоѓаат голем број поврзани клетки кои се позитивни на коронавирусот.
„Убеден сум дека заради тоа патологијата на коронавирусот е толку уникатна. Ова не е болест предизвикана од вирус кој убива клетки, што е многу важно за неговиот третман “, рече тој.