Коронавирусот досега доминираше кај млади на возраст од 20 до 39 години, а наскоро се очекува да ги зафати и децата и младите на возраст од 10 до 19 години, по што следуват и децата од предучилишна возраст. Додека сите не поминеме низ оваа епидемија, таа нема да заврши, предупредува епидемиолог проф. д-р Владимир Петровиќ, директор на Институтот за јавно здравје во Војводина.
– Апсолутно се согласувам со д -р Петровиќ. Имаме само две можности – или ќе бидете вакцинирани, или ќе бидете заразени. Пандемијата ќе се прошири на сите возрасти – смета д -р Томислав Радуловиќ.