Вухан потврди пет нови случаи на коронавирус во време кога Кина бележи благ раст на бројот на заразени. Кина денеска потврди 17 новозаразени, три повеќе од неделата.
Големата метропола со 11 милиони жители, која беше ставена во карантин повеќе од два месеци на крајот на јануари, беше особено погодена од новиот коронавирус, кој зарази скоро 83.000 луѓе во Кина и уби 4.633 луѓе, според официјалните податоци.
Нивото на епидемиолошки ризик во таа област е подигнато од „ниско“ на „средно“, соопштија надлежните.
Вухан се сметаше за област на „низок“ ризик од укинување на забраната за излегување надвор на 8 април, а таму активноста постепено продолжи со строги санитарни мерки по четири месеци принуден одмор поради вирусот.
Кина извести за уште 13 нови случаи со КОВИД-19 во неделата, а за прв пат од 1 мај бројот на случаи во еден ден е двоцифрен.
Огромно мнозинство на нови случаи има на северо-исток, каде што градот Шулан е исто така карантин.
Кина во саботата призна дека пандемијата открила „празнини“ во нејзиниот здравствен систем и во системот за спречување на заразни болести.