“КОРОНАВИРУСОТ НАСКОРО ЌЕ БИДЕ МИНАТО“ – Познат имунолог знае како да се справи со ковидот

by Тони Зографски

Меѓународен тим на научници од техничкиот Универзитет во Брауншвиг и Центарот за инфективни истражувања објавија текст во магазинот „Нејчр Комјуникејшнс“ (Nature Communications) за развојот на посебни антитела против коронавирусот.

– Не станува збор за вакцина, туку за стратегија што во основа делува како лек, па така антитела може да се даваат на луѓе кои се разболеле од ковид-19, а не превентивно како вакцина за луѓето да не се разболат, објасни доктор Лука Чичин-Шаин, вирусен имунолог во Центарот за инфектолошки истражувања во Брауншвиг, за ХРТ.

Она што е направено, вели тој, во основа се антитела што организмот инаку ги развива, се земаат од поединци кои ги имаат, се внесуваат во епрувета и потоа може да се даваат на други луѓе кои не успеале да ги развијат за да се неутрализира вирусот и на тој начин да му овозможи на организмот да се бори со инфекцијата.

– Сигурно не сме први кои развиле против антитела, ги имаат и други тимови. Знаеме дека Доналд Трамп доби терапија со антитела кога беше позитивен на вирусот и таа веројатно многу му помогна. Но, новитет е дека тие антитела, ние ги добивме од серум на поединец и тоа многу порано пред да се појави пандемијата. Станува збор за серуми што се добиени во 2018, 2019 година, кога вирусот и не постоеше. Од нив успеавме да ги издвоиме оние антитела кои го препознаваат вирусот, кои се во состојба да го неутрализираат и во тоа е вредноста на нашата идеја, вели Чичин-Шаин.

Светот една година подоцна во борбата со ковид-19

– Сведоци сме на развој на вакцини со невидена брзина. Европската агенција за лекови денеска ја одобри четвртата вакцина, на праг е „Спутник V“ да биде петта. Значи, ширум светот се прозиведуваат вакцини со кои можеме да ставиме крај на пандемијата. Нормална вакцина се развива и произведува пет години, сега сè се случува во една година. Гледаме дека технологијата помага и дека коронавирусот наскоро ќе биде минато, нагласи Чичин-Шаин.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com