Загрижена мајка од Австралија сподели фотографија од својата ќерка тинејџерка, која штотуку ја завршила својата смена во супермаркет, а токму со неа ги растажи корисниците на Фејсбук.
Дебара Најдрл од Таунсвил во Квинсленд сподели фотографија од својата 18-годишна ќерка Џордин, која лежи на кревет во солзи, буквално преморена, по напорната смена во тамошниот локален супермаркет.
Во објавата на Фејсбук, Дебара луто ги поттикнува луѓето да размислат за начинот на кој се однесуваат во време на пандемијата од коронавирусот.
„Им заблагодарувам на сите лудаци кои веруваат дека е во ред да се злоставуваат луѓето кои работат во продавници, секојдневно и повеќе пати во денот“, напиша таа на Фејсбук.
„Се надевам дека си во ред“, „Луѓето се стока и не го заслужуваш ова“, се само некои од пораките со поддршка до девојката.
Инаку, како што пренесуваат австралиските медиуми, во последните неколку недели ситуацијата во супермаркетите во Австралија е ужасна, а на сликите кои се појавуваат на интернет доминираат исцрпени работници и панични купувачи.