Европа, Балканскиот Полуостров, како и нашата земја е зафатена од огнен топлотен бран, а деновиве се очекува температурите да бидат блиску до 40 степени. Иако многумина бегство од горештините наоѓаат под климата, таа опција ја немаат сите. Еве неколку совети за ладење без климатизација:
Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ издаде препораки за општата популација за постапување при топло време. Најпрво, потрудете се просторот во кој престојувате да биде ладен и идеално би било температурата во собата да биде под 32 Целзиусови степени во текот на денот, или под 24 во текот на ноќта. Оние без клима можат да користат вентилатор и други трикови.
Отворете ги прозорците рано наутро за да влезе воздухот, а потоа вклучете го вентилаторот кога ќе ги затворите. Шишиња со замрзната вода во кои ќе додадете две или три лажички сол може да бидат многу корисни за време на топло време. Замрзнете ги преку ноќ и ставете ги пред вентилатор. Солта ја намалува температурата на замрзнување на водата, па добивате супер ледено шише мраз. Погрижете се да поставите сад под шишињата и обидете се да ги држите подалеку од штекерот и каблите.
Исклучете ги електричните апарати
Намалете го топлинското оптоварување во вашиот стан или куќа во најтоплиот дел од денот. Затворете ги прозорците и ролетните на прозорците, особено оние на сончевата страна. Исклучете го вештачкото осветлување и сите електрични уреди што не ви се потребни. Доколку го затемните просторот со спуштање на ролетните и спречување на сончевите зраци да влезат, на овој начин ќе ја намалите топлината во просторијата во текот на денот, советува „Батут“.
Трик со чаршафи
Закачете влажни чаршафи над отворените прозорци за да го изладите воздухот во просторијата доколку немате клима уред.
Ако вашиот животен простор е климатизиран, затворете ги вратите и прозорците. Исто така, користете природни материјали како памук, лен или свила за постелнина.