Пролетта ни е на прагот, а со неа доаѓаат и оние пролетни алергии на кои многумина реагираат со најразлични симптоми. Во почетокот на пролетта, коа се буди сета природа и цветаат пролетните булки, за многу луѓе започнува ноќната мора поврзана со пролетните алергии.
Почетната сезона им е во март, додека поленските алергии знаат да траат и до септември. Најчестите симптоми се кивање, кашлање, црвенило во очите, умор и раздразнетост. Бројот на луѓето кои се алергични се зголемува се повеќе, а овој растеж е тесно поврзан со продолженото цветање на тревата и цвеќињата од глобалното затоплување. Исто така загадениот воздух и околината допринесуваат во слабеењето на имунитетот на организмот. Од овие алергии жените заболуваат повеќе од мажите, и тоа на возраст од 25 до 35 години.
Склоноста кон алергиите е и наследна, доколку еден или двајцата родители имаат проблеми со пролетните алергии, веројатноста дека и вие ќе наследите некоја алергија е за 75% поголема.
Некој магичен лек против алергиите нема, но симптомите можат да се ублажат.
Докторката Нита Огден има неколку корисни совети на оваа тема. Таа работи како имунолог во Њујорк.
Покрај медикаментите и природните лекови за справување со пролетните алергии, ова се советите на Огден:
- Затворајете ги прозорците додека работи климата
- Веднаш по пристигнувањето дома соблечете ја облеката
- Секоја вечер туширајте се и мијте го лицето
- Исчистете ја машината за перење алишта, влажната облека вадете ја веднаш по перењето, а вратата оставете ја отворена за да се исуши внатрешноста
- Менувајте ја постелнината почесто
- Избегнувајте ги утринските вежби, тогаш има најмногу полен во воздухот
- Чистете го домот почесто, внимавајте на орманите, еднаш годишно извадете ја целата облека и детално исчистете.
- Внимавајте на цвеќињата што ги чувате во домот, повеќето луѓе не знаат дека се алергични на билки, најчесто на фикусот.
Експертите советуваат дека со комбинирање на соодветна терапија и антиалергиски лекови, може да се намалат симптомите и алергиите.Исто така, научниците препорачуваат поголема хигиена, често перење на постелнината, туширање и миење на косата бидејќи поленот највеќе се собира на косата и облеката. Влагата и мувлата некогаш можат да ги зголемат симптомите на алергијата или алергиската астма, па се препорачува често проветрување на просториите и одржување на хигиената и во тоалетите.