Коронавирусот би можел да исчезне пред да се создаде вакцината против него, рече Карол Сикора, поранешен високорангиран онколог на Светската здравствена организација и декан на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Бакингем.
„Постои реална шанса вирусот да го снема по природен пат пред да се развие вакцина“, напиша Сикора на Твитер, а пренесува РТ.
Тој додал дека слична матрица може да се види насекаде кога станува збор за вирусот.
„Претпоставувам дека нашиот имунитет е поголем отколку што мислиме. Мора да го забавиме вирусот, но тој може да исчезне самостојно “, напиша Сикора.
Неговите тврдења испровоцираа голем број коментари на Твитер, поради што тој подоцна објасни дека ова е негово мислење и едно од можните сценарија што може да се случат во сегашната „непозната ситуација“.
Тој објаснил дека никој не може да тврди со сигурност што ќе се случи и повика мерката физичко растојание да продолжи да се почитува.
Потоа Сикора се осврна на бројот на пациенти во Англија, пишувајќи дека е охрабрувачки што е намален бројот на пациенти третирани во болниците од Ковид-19 за околу 2.000 неделно.
Тој исто така напишал дека смртноста од Ковид-19 се намалува во Британија. Како што пренесува, во последните 24 часа починале 170 луѓе, што е најмал број од 24 март.