Најмалку седум лица од едно иста фамилија во Њу Џерси се заразени со Ковид-19 кој го предизвикува новиот коронавирус SARS-CoV-2. Тројца од нив починале, а неколку се во критична состоба. Речиси 20 нивни роднини се ставени во карантин во нивните домови.
Грејс Фуско (73), мајка од Њу Џерси, умрела во средата од коронавирус, не знаејќи дека нејзините деца биле заразени.
Нејзиниот најстар син и ќерка починале непосредно пред неа, а, според еден од роднините, уште четири нејзини деца се хоспитализирани откако биле дијагностицирани со Ковид-19. Од нив тројца се во критична состојба, јави Си-ен-ен.
Се чини дека тие се заразиле на семејна вечера што ја имале месецов, а како што пренесува „Тајмс“, на овој собир присуствувала и првата личност која починала од коронавирус во Њу Џерси.
Најстарата ќерка на Грејс Фуско, Рита Фуско-Џексон (55), почина во петокот, а набргу потоа семејството дознало дека била заразена со коронавирус. Нејзиниот син Кармајн Фуско починал во средата, непосредно пред својата мајка.
Речиси 20 нивни роднини се ставени во карантин во нивните домови.
Во САД, утрово се заразени 9.464 лица, 155 починале. 108 од нив се опоравиле.