Поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик објави крај на ракометната кариера поради коронавирусот. Тој требаше ова да го направи на крајот на оваа сезона, но со оглед на проширувањето на пандемијата одлучи да се пензионира.
„Оваа одлука е многу тешка за мене. Искрено ми беше тешко повторно да се активиран и да бранам по долгата пауза. Ми се чини дека дуелот со Татабања е последниот кој го одиграв во кариерата. Жал ми е што нема да бидам во можност да одиграм уште еден фајнал-фор од Лигата на жампиони. Сакав да потрчам по уште една титула европски првак“, рече Штербик.
Легендарниот голман го бранеше голот на Вардар од 2014 до 2018 година и беше дел од шампионската генерација, која во 2017 година за прв пат го крена пехарот во ЛШ. Во кариерата бранеше и за Југовиќ, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико, Мадрид и Барселона.
41-годишниот Штербик во 2005 година беше прогласен за најдобар ракометар на светот.