Џенифер Анистон на доделувањето на SAG наградите се појави во преубав, долг, бел “Диор“ фустан. Благодарејќи на онлајн продавниците копија на овој фустан може да се купи за само 25 фунти, пренесува “Сан“.
Сатенскиот фустан која ја прати линијата на телото и совршено ги истакнува облините е достапен во сите величини.
Инаку, иако сатенот лесно се гужва, Џенифер подели совет како тоа да се избегне. Имено, таа на својот Инстаграм постави фотографија како лежи на задното седиште на автомобилот пред доделување на наградите за да не го изгужва фустанот.