Кончита Вурст, човекот што победи на Евровизија во 2014-та година, го изненади светот кога се појави во златен фустан, со долга коса, брада и шминка. Со години беше препознатлива по долгата и црна коса и брадата. Меѓутоа, неодамна ја скратила косата и станала русокоса, а сега отишла и чекор понапред.
Имено, косата и понатаму ѝ е кратка, а сè повеќе се промовира со мажествен изглед.
Кончита минатата година го изненади светот кога објави дека е ХИВ позитивна. Таа поради заканите од поранешното момче признала дека веќе долго време живее со тој вирус. Пејачката исповедта ја сподели на социјалните мрежи, а навела и дека се лечи откако дознала за дијагнозата.
https://www.instagram.com/p/B7qUyU8nc5D/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B7YT_abniJ3/?utm_source=ig_web_button_share_sheet