Кончита Вурст, пејачката која во 2014 година победи на Евровизија се појавила по подолго време на црвениот тепих.
Таа присуствувала на премиерата на мјузиклот „Romeo & Juliet – Love is Everything“ во Берлин. За оваа прилика таа носела „Juergen Christian Hoerl“ фустан и високи потпетици.
„Им честитам на сите. Шоуто е фантастично, а музиката прекрасна. Им се заблагодарувам на Петер Платеу и Леа Сом на поканата“, напишала на својот Инстаграм профил.
Таа во 2019 година била во жирито на шоуто „Queen of Dogs“ со Хајди Клум и Бил Каулитц. Една година подоцна се појавила во серијата на „Netflix“ – „Eurovision Song Contest: The Story of Fire Saga“.
Кончита Вурст е всушност алтер его на австрискиот пејач Томас Нојвирт. Претходно кажа дека на овој чекор се одлучил за да го заштити својот приватен живот од очите на јавноста.