Eден од врвните кардиолози во Бугарија, д-р Сотир Марчев, во утринската емисија на БНТ Несоница изјави дека нездрава исхрана, брзиот начин на живот и стрес се причините за хипертензија и слаб имунитет. Исто така тој вели дека луѓето кои спијат помалку од 6 часа имаат поголем ризик од проблеми со крвта и срцето, бидејќи заштитните сили се активираат токму за време на спиењето.
-Контактот со најблиските е исто така важен за срцето. Може да биде преку Интернет или преку телефон. Бројот на блиски контакти го продолжува животот. Психата во голема мера влијае на имунитетот. Вежбањето, спиењето, здравата исхрана и сонцето го подобруваат и здравјето на срцето и имунитетот. Вежбајте дома гимнастика. Срцевите пациенти треба да вежбаат 30-40 минути на ден. Пациентите со хронични срцеви заболувања ќе страдаат од коронавирусот малку подолго и потешко отколку здравите луѓе. Две недели по излегувањето од болница и излечени пациенти од вирусот, добро е да не изведуваат напорни вежби, -потенцира д-р Марчев.