На Ана Ѓуриќ Констракта по освоеното петто место на Евровизија со песната „In corpore sano“ ѝ недостига мир и тишина, па одлучила да се повлече од јавноста.
„Сега се ќе се среди и ќе си дојде на свое место. Мислам дека заслужувам мир, иако знам дека оваа приказна треба да заврши. Ми треба одмор, воздух… Тука сум, не одам никаде, но ми треба одмор. Уметницата станува невидлива“, истакна Констракта за „Story“, а потоа уште еднаш се осврна на нејзиното претставување во Торино.
„Немам зборови… Ова ќе го паметам цел живот. Сите ракоплескаа и извикуваа „Бити здрава, бити здрава…“. Задоволна сум од петтото место. Можеби првото беше премногу амбициозно. Тоа беше микроизведба и една малку поинаква песна, со содржина, и луѓето тоа го препознаа – изјави Ана.
Како што откри Констракта, по кратката пауза ќе има летна турнеја со бендот, што со нетрпение ја очекува, бидејќи неизмерно сакала т