Конкурентот на “Медена земја“ за Оскар, јужнокорејскиот документарен филм “Паразит“на Бонг Џун-хо победи во категориите за најдобро оригинално сценарио и најдобар филм надвор од англиското јазично подрачје во изборот на британската награда БАФТА.
Историски Филмот „1917“ кој го следи патот на британските војници во Првата светска војна ја доби британската награда за најдобар филм, а режисерот Сем Мендес за најдобра режија. Со тоа, режисерот Сем Мендес ја победи силната конкуренција Мартин Скорсесе за филмот „The Irishman“, Тод Филипс (Џокер), Квинтен Тарантино (Си беше еднаш во Холивуд) и Бонх Јоон-Хоа (Паразит).
Американската актерка Рене Зелвегер ја доби Бафта наградата за најдобра актерка за својата интерпретација на легендарната холивудска ѕвезда Џуди Гарланд во биографскиот филм „Џуди“.
За таа улога Зелвегер, веќе освои номинација за Оскар и го освои својот Златен Глобус. За Бафта наградата за најдобра женска улога се натпреваруваа и Цеси Бакли во филмот „Wild Rose“, Скарлет Јохансон (Marriage Story), Саорис Ронан (Ќерката на докторот Марч) и Шарлиз Терон (Скандал).
Американскиот актер Жоакин Феникс ја освои овогодинешната Бафта за најдобар актер за својата интерпретација во филмот Џокер. 45-годишниот актер исто така се натпреварува и за Оскар во улогата на Џокер, а со освојување на Бафта наградата ја остави зад себе конкуренцијата Леонардо ди Каприо (Си беше еднаш во Холивуд), Адам Драјвер (Marriage Story), Џонатан Прајс (Џокер) и Тарон Егертон (Rocketman).
Филмот „Паразит“ на Бонг Џун-хо победи во категориите за најдобро оригинално сценариот и најдобар филм надвор од англиското јазично подрачје.
Наградата за најдобра адаптација на сценариот му пропадна на „Зајакот Џоџо“ на режисерот Таико Ваитити, а филмот „За Сам“ на Ваад ал-Катиб“ беше прогласен за најдобар документарен филм.
Инаку, На доделувањето на наградите на БАФТА во Ројал Алберт Хол меѓудругите присуствувале и принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон.