Конечно е изгласано укинување на рестрикциите за осветлување низ Општина Карпош.
„Со месеци наназад, Карпошани се жалат на неразумните рестрикции на осветлувањето во општината, кои оставаа цели делови од населбата во потполн мрак, без ниту една запалена светилка.
На денешната седница на Советот на Општина Карпош оваа иницијатива беше поддржана и изгласана од сите советници, освен од советниците на ГРОМ, со што беше донесена одлука за укинување на овие рестрикции!“, објави Левица.