“КОНЕЧНО СЕ ЗАРАЗИВ СО КОРОНА, УЖИВАМ ВО ТРЕСКАТА“: Шокантна изјава на девојката на најбогатиот човек на светот

by Тони Зографски

Партнерката на најбогатиот човек на светот, Илона Маск, Грајмс (32) на Инстаграм напиша дека „конечно се заразила со вирусот корона, но и дека ужива во треската предизвикана од лекови“.

Грајмс не ги сподели своите искуства, ниту ги ажурираше податоците за тоа како се чувствува, но ја закачи песната „Добри денови“ од групата СЗА и неколку емоџи за да ја опише песната, објави Инсајдер.

Инаку, канадската пејачка и Маск објавија дека се во врска во мај 2018 година, а за прв пат се појавија заедно на настанот „Мет Гала“ истата година. Во мај 2020 година, Маск потврди дека ќе го добие своето прво дете, а потоа објави дека Грајмс роди момче и дека се добро.

Првично, тие го именуваа детето XAA-12, но Грајмс на Инстаграм напиша дека го смениле името во X AEA-XII.

„Римските броеви делуваат подобро, да бидам искрена“, напиша таа.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com