Колку долго антителата остануваат во телото по инфекцијата со Ковид е едно од клучните прашања што се поставува од почетокот на пандемијата. Една нова студија го дава одговорот.
Студијата, објавена во (Nature Microbiology), се заснова на тестирање на антитела на 38 пациенти и здравствени работници во болницата Сент Томас кои биле заразени за време на првиот бран на пандемијата на коронавирус, пред да бидат вакцинирани.
И покрај првичниот пад на нивото на антителата веднаш по инфекцијата, резултатите покажаа дека кај повеќето луѓе (18/19 пациенти) антителата биле откриени 10 месеци по инфекцијата.
Истражувачкиот тим, предводен од д-р Кејти Дорс од Факултетот за имунологија и микробиолошки науки, исто така тестираше како антителата создадени за борба против специфична варијанта на САРС-КоВ-2 ќе реагираат на други варијанти. Се покажа дека антителата генерираат силен одговор на повторна инфекција со истиот сој, но биле помалку ефикасни кога се бореле со други видови, објави Кралскиот колеџ во Лондон.
Антителата се врзуваат за шилестиот протеин на вирусот , а вакцините го имитираат овој протеин за да создадат имунолошки одговор. Сепак, мутациите во новите соеви на вируси (алфа, бета, делта) предизвикаа загриженост за тоа дали вакцините развиени за да ја таргетираат оригиналната варијанта на коронавирус ќе бидат ефективни против новите варијанти и дали новите вакцини треба да се редизајнираат.
Овие резултати сугерираат дека вакцините специјализирани за еден вид би биле помалку ефикасни во однос на другите соеви и дека вакцините дизајнирани за оригиналната варијанта, моментално дадена, обезбедуваат најдобра заштита од сите видови и треба да се користат за програми за вакцинација.