Американската биофармaцевтска компанија Innovation Pharmaceuticals, извести за најновиот напредок во истражувањето на лекот Brilacidin, како потенцијална терапија против болеста Ковид-19.
Brilacidin според најновите податоци покажал статистички многу значајно влијание врз SARS-CoV-2 вирусот, особено во човечките белодробни станици, намалувајќи ја заразноста во нив и до 97 отсто.
Тој лек се наоѓал на тестирање во американската „Regional Biocontainment“ лабораторија и таму конзистентно покажувал моќни антивирални назнаки во ин витро тестирањата против новиот коронавирус.
Главниот истражувач во RBL, известил дека тестирањата на човечките белодробни станици даваат слични или пак еднакви резултати како и тестирањата спроведени на животните.
Исто така овој лек се покажал како највлијателен во текот на тестирањата кои што се користат пред терапијата, односно пред самата инфекција.
Но, тој се покажал и влијателен во текот на инфекцијата како и по самата инфекција.
Идниот план на научниците од RBL е да го утврдат индексот на селективноста на лекот од податоците добиени во ин витро тестирањата.