Пејачката Елена Петреска на својот Фејсбук профил проговори за тешката битка со коронавирусот што ја водела изминатиов период.
„Конечно дома по 14 дена на Инфективно поради Ковид. Благодарам на Бог што сѐ помина добро! Благодарна сум што ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила!
Најискрено од срце се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Инфективната клиника, тие се моите Херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуванот во овие тешки времиња.
Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целот ќе ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре таму каде што е потребно.
И морам да кажам (иако секогаш сум ги почитувала правилата) дека зборовите на министерот за здравство Венко Филипче во целост имаат значење од оваа перспектива“, напиша Елена Петреска.