Шерон Стоун се пошегува на социјалните мрежи дека го одбележала својот 65-ти роденден со опсежни пластични операции, објавувајќи фотографија на која нејзините усни изгледаат драматично поголеми.
“Го направив тоа. Конечно. Отидов во Холивуд за мојот роденден. Понекогаш го добивате токму она што го сакате”, напишала таа. Сепак, Индипендент пишува за што всушност се работи – Шерон го постигнала овој екстремен изглед благодарение на Wax Lips, бонбона со вкус на цреша во форма на преголеми, црвени усни.
„Изгледа сосема природно“, „Едвај ја гледате разликата. Убаво направено“, се пошегувале нејзините следбеници.
Инаку, актерката и претходно зборуваше за честото лекување со ботокс, се додека не доживеа мозочен удар, што ја принуди да ги преиспита процедурите.
Имено, минатиот септември за Vogue Arabia таа откри: „Имаше период на слава кога правев ботокс, филери и слично, а потоа имав голем мозочен удар и деветдневно крварење во мозокот и морав да имам повеќе од 300 инјекции на ботокс и филери со цел да се врати едната страна од лицето“.
Ова шокантно искуство го променило начинот на кој таа гледала на естетската хирургија, претворајќи ја од „сладок луксуз во еден вид болна невролошка потреба“.
И покрај искуството, изјави Стоун за магазинот, таа се чувствува „навистина среќна“ и „никогаш не била толку радосна“. „Се чувствувам како ова да е највозбудливиот и најкреативниот период во мојот живот“, рече таа.