Американските медиуми синоќа ја објавија проекцијата на конечните резултати од претседателските избори одржани на 3 ноември, според кои избраниот претседател Џо Бајден освоил 306, а сегашниот претседател Доналд Трамп 232 изборни гласови.
Американските медиуми дојдоа до тој резултат откако ја проектираа победата на Бајден во сојузната држава Џорџија и на Трамп во Северна Каролина.
Како што потсетува Си-Ен-Ен, Џорџија има 16 електорски гласа, а Северна Каролина 15, што значи дека Бајден ќе има вкупно 306 гласа, а Трамп 232 гласа.
Трамп сè уште не го признава поразот и во првото обраќање од Белата куќа по изборите, тој дури и не ја спомна таа ситуација, туку зборуваше за коронавирусот.
Со оглед на тоа што овие бројки се медиумска статистика и нивната прогноза заснована на моменталната состојба на пребројаните гласови, конечниот победник на изборите ќе биде официјално објавен на 20 јануари.