Новак Ѓоковиќ засега нема да биде депортиран од Австралија, бидејќи судот во Викторија за понеделник го закажа изрекувањето на одлуката по жалбата поднесена од неговите адвокати откако властите на Викторија и Австралија му забранија да влезе во државата, а потоа одлучи и го депортира.
– Тужбата на Новак Ѓоковиќ беше одложена за понеделник, на само една недела пред првиот меч на Австралија Опен. Ѓоковиќ викендов ќе остане во Австралија – вели Пол Сакал, кој имаше најточни информации кога е во прашање ситуацијата на Новак Ѓоковиќ на аеродромот.
Новак бил задржан на аеродромот повеќе од шест часа, во една просторија, придружуван од полицијата, каде не смеел да комуницира со членовите на неговиот тим, адвокатите, а му бил одземен и мобилниот телефон.
Откако телефонот му бил вратен, тој разговараше и со претседателот Александар Вучиќ, кој и самиот се вклучи во вистинскиот дипломатски проблем што настана меѓу Србија и Австралија поради ваквиот третман.
На крајот беше одлучено дека ќе биде депортиран и дека во текот на денот ќе мора да ја напушти Австралија, но адвокатите поднесоа жалба, по што Новак беше сместен во хотел во карантин.
Novak Djokovic is holed up in hotel quarantine tonight.
The world's best tennis player was refused entry to Australia late last night, before his visa was cancelled.
It's prompted a blame game locally, and a fallout that's been felt right around the world. @cstanaway #9News pic.twitter.com/ZpTmKLTsvP
— 9News Melbourne (@9NewsMelb) January 6, 2022