Украинката Нина Рудченко (57) преживеела вистински пекол кога ја нападнале двајца браќа, инаку нејзини комшии. Двајцата мажи на возраст од 27 и 30 годину упаднале во нејзината куќа, ја тепале со безбол палки се додека не ја загубила свеста. Потоа ја однеле на гробишта, со вода се обиделе да ја разбудат, ја натерале да ископа гроб и да легне во него. Потоа, ја поклопиле со земја, но Нина успеела да направи мал џеп за воздух што и ја спасило.
-Се смееја и раскажуваа дека ќе ми го убијат семејството. Кога завршија, мислејќи дека сум мртва, сѝ заминаа – раскажала Нина.
Несреќната жена ја спасило и тоа што гробот бил плитко ископан, па успеела да излезе, да се довлечка дома и веднаш ја загубила свеста. Следното утро, легната на подот ја нашла нејзината сестра Људмила Гура.
Нина веднаш била пренесена во болница и според наодите на хирурзите имала потрес на мозокот, скршена вилица и нос, додека целото тело и било модро.
Двајцата браќа биле уапсени и осуден на 10 години затвор.
Инаку, кавгата меѓу Нина и браќата наводно била за куче кое таа им го украла.