Познатиот српски композитор Корнелије Ковач имаше соработка со бројни познати имиња меѓу кои и со Здравко Чолиќ. Тој во едно интервју се потсети на почетокот на кариерата на славниот пејач, а ретко кој знае дека Корнелие прво мо дал отказ на Здравко, а потоа го направил вистинска звезда.
-Јас Здравко Чолиќ прво го отпуштиво Корни група. Сметав дека тој и покрај одличниот глас, не е адекватен пејач за таа врста на музика која ја свиреше Корни група. Но, уште тогаш му реков дека е одличен пејач, но не за бенд. Здравко не се налути, иако не му беше пријатно. Но, многу бргу кога тој се врати од Белград во Сараево му реков: “ Чола, дојди на разговор. Ајде да правиме песми за тебе“, – се присеќа композиторот и додава:
-Знаев дека ќе има успех, но не предвидев колкав ќе биде тој успех. Направивевме поштен договор, и никогаш не потпишувавме. Тоа значеше, мои пет песми за албумот и пет од други композитори, но јас да учествувам во селекцијата. И немаше никаков проблем.
–