Комичарот Дејв Шапел нападнат среде настап во Лос Анџелес (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Комичарот Дејв Шапел бил нападнат за време на настап во Лос Анџелес. Среде стенд-ап настап, Шапел бил нападнат од маж кој подоцна бил однесен на носилки со брза помош.

Според „ABC news“, Шапел и напаѓачот извесно време се бореле на сцената, но мажот на крајот избегал зад бината.

Безбедносните сили потоа го совладале напаѓачот.

Комичарот Крис Рок настапи пред Шапел таа вечер, а излета на сцената неколку моменти по нападот, шегувајќи се:

„Дали тоа беше Вил Смит?

Инцидентот се случил во познатата арена Холивуд Боул во Лос Анџелес.

Според достапните информации, Шапел не бил повреден во нападот, а својот настап го продолжил и по нападот.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com