Утрово Комисијата за заразни болести предложи олабавување на мерките.
„Утрово се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни: Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова. Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави. Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.