Комисијата за заштита на населението од заразни болести по разгледување на моменталната епиде*иолошка состојба во земјава, утринава одлучила да не предложи воведување на какви било рестриктивни мерки за заштита од болеста во земјава.
Како што дознава „Слободен печат“ од свои доброупатени извори во Комисијата, утринава по изложувањето на епиде*иолошката состојба од страна на претседателот на Комисијата, доктор Жарко Караџовски, не се дискутирало за нови мерки и било заклучено дека главниот државен фокус треба да биде ставен на им*низацијата на населението.
Стравот од делта варијантата на болеста за земјава, ја натера Комисијата за заштита на населението од заразни болести да дискутира за моменталната епиде*иолошка состојба во земјава, откако мерките комплетно беа релаксирани што допринесе за раст на бројот на заразени во земјава.
Целиот текст прочитајте го на Слободен печат со клик ТУКА.
Comments are closed.