На утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за можна промена во периодот на важеше на сертификатите после прележан Ковид-19. Според портпаролот на КЗБ, Злате Мехмедовиќ, таа е една од точките за која ќе се расправа утре.
-Ќе видиме дали ќе има измени во времетраењето на сертификатот, информира Мехмедовиќ.
Тој најави дека ќе се дискутира и за пресметката на големиот број починати од коронавирус во земјава.
-Ќе дискутираме за морталитетот за да се знае колку од починатите се со две дози, колку не примиле бустер, колку време поминало после вакцинирањето, дали имаат одредени коморбидитети, појасни д-р Мехмедовиќ.