(фото: Спорт1.мк)
Покрај македонските навивачи, ракометарите на Вардар во Келн најголемата поддршка ја имаа од коментаторите на „Арена Спорт“ телевизија Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ.
Тие во двата преноса против Барселона и против Веспрем отворено беа на страната на Вардар, се радуваа на секој нивен гол и ги фалеа потезите на нашите играчи.
Вечерашново финале со Веспрем го завршија извикувајќи гласно:
-Вардар е првак на Европа. Радувај се, Македонијо и чувај го овој клуб.