Со петминутен аплауз заврши комеморацијата на починатиот драмски писател, професор и академик, Горан Стефановски во Драмски театар. На неа беа колеги, пријатели, претставници на поширокото семејство, кој дојдоа да се простат од големиот уметник.
Академик Ѓорги Старделов рече дека делото на Стефановски нема за долги векови да биде заборавено во македонската книжевност. Русомир Богдановски се потсети дека Стефановски преферираше да го користи зборот занает, наместо уметност и сакаше ФДУ да се вика Факултет за драмски занаети.
Професорката на Факултетот за драмски уметности, Синоличка Трпкова, му се заблагодари на големиот писател за пораките и писмата и за љубовта во букварот што ја остави како аманет.
Актерот Благоја Чоревски исто така се потсети на деновите кога Горан Стефановски им ги читал текстовите на актерите.
Инаку, Во фаза на подготовка е вториот дел од серијата „ Бушава азбука“, насловен „ Бушав буквар“, што започна да го работи со неговиот долгогодишен пријател и собаротник, Слободан Унковски.