Македонија е втора на Балканот по девизни резерви во злато, и во моментов има околу 6.8 тони во своја сопственост, пишува специјализираниот портал за економија и бизнис Биланс.мк.
На прово место е Србија. Според Народната банка на Србија, од 2013 година, резервите на злато во таа земја се зголемени за 20,7 тони или 1,1 милијарда евра, а само во последните две години резервите на Србија се зголемени за 12 тони злато.
Србија поседува вкупно 36 тони злато, втора на Балканот е Северна Македонија со 6,8 тони златни резерви, следна од Словенија со 3,17, БиХ со 2,98 тони, потоа Црна Гора со 1,09 тони, додека Хрватска има 0 злато во девизните резерви.