Разводот на најпознатата двојка во Холивуд – Бред Пит и Анџелина Џоли, добива своја завршница во судот. Како резултат на судските спогодби, поделбата на имотот и старателството ќе го чини Бред Пит до 100 милиони долари.
Запознаени со случајот раскажуваат пред „Радаронлајн” дека Пит ќе треба да ги плаќа трошоците за децата поврзани со нивниот живот, безбедност, образование и слично, додека тие не наполнат 21 години.
– Тој успеа да си ги врати децата, но веќе гледа во сосема друга реалност, која му носи голем ангажман. Токму договорот за децата го влече толку долго случајот. Бред се обиде да се бори и да се брани, но не успеа да ја спречи Анџелина да земе скоро половина од она што го има, вели изворот за „Радаронлајн”.