Од појавата на првиот случај на COVID-19 во Македонија пред една година досега, 116 лица по вторпат се заразиле со вирусот, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје за реинфекција со коронавирусот. пренесува порталот САКАМДАКАЖАМ.
Порталот пренесува дека меѓу случаите на реинфекција има заразени со различна возраст од 6 до 77 години, а најголем број од нив се над 30 години.
„За формата на болеста, дали се со потешка или полесна клиничка слика, не може да се дадат прецизни податоци, бидејќи податоците со кои располагаме врз база на направените анкети не се релевантни за целото времетраење на болеста. За девет лица имаме податок дека биле хоспитализирани, а за 44 дека биле на домашно лекување. Од вкупниот број 116 реинфекции, починале две лица на возраст од 63 и 77 години“, вели д-р Кузмановска, пренесува СДК.МК