Марта Ортега, ќерката на основачот и сопственик на „Inditex“, стана најмoќната жена во светот на облеката откако ја презеде „Zara“.
За оваа 38-годишна жена велат дека е дискретна и таинствена и одново се знаеше дека еден ден ќе го преземе управувањето на најголемиот дистрибутер на мода кој е дури и пред шведски „H&M“, а поседува околу 6.500 продавници ширум светот.
Но, „Inditex“, компанијата која поседува и други брендови освен „Zara“, како што се „Bershka“, „Massimo Dutty“ и „Oyosho“ во ноември објави дека Марта од први април ќе го замени генералниот директор Пабло Исла, одговорен за големата експанзија на компанијата во минатата деценија.
Оваа замена ја предложил таткото на Марта, Аманси Ортега кој го основал „Inditex“ во 1985 година.
Марта, која е единствено дете на Аманси, пораснала во рибарскиот град ла Коруна на северозападот од Шпанија, заедно со полусестрата Сандра и полубратот Маркос.
Се школувала во интернат во Швајцарија и дипломирала на Европското училиште за претприемништво во Лондон во 2007 година, по што кратко работела како асистент во продавница на „Zara“ во Лондон, за подобро да разбере како функционира тоа.
Иако во таа прилика не кажала дека е ќерка на сопственикот на „Inditex“ нејзините колеги тоа го пренеле во шпанските медиуми откако на раката ѝ забележале „Rolex“ часовник.
„Првата седмица додека работев мислев дека нема да преживеам, но набрзо занаетот ме освои. Станав зависна од него. Некои никогаш не сакаат да го напуштат тоа“, изјавила таа во интервју за „Wall Street Journal“ во август 2021 година.
Под својот ПР менаџмент „Zara“ започнала кампања со некои од најпознатите уметници, како американскиот моден фотограф Стивен Мајзел којшто се прославил со фотографирање на Мадона и италијанскиот режисер Лука Гваданино.
Ортега била добро подготвена и добро знае да ја води компанијата. Доаѓа на позицијата за време на руската инвазија на Украина, поради што „Inditex“ затворил 502 продавници во Русија. Таа како претседател ќе заработува околу милион евра годишно.
Ортега, како и останатите членови од нејзиното семејство, ретко зборуваат за нивниот приватен живот, но фотографиите од нејзината раскошна венчавка со Карлос Торето во 2018 година ги објавија многу од популарните магазини.
Таа од бракот со Торето има ќерка која ја роди во 2020 година, а од претходниот брак со Серги има син.